По скандалозниот развод од Харис, Мелина Џиновиќ решила да започне нов живот на Азурниот Брег. Како што е познато, таа веќе некое време е во врска со познат бизнисмен, а сега тој одеднаш се свршил со неа.
Според извори на Курир.рс, на една вечера каде што биле заедно, тој решил да се ожени со неа, иако креаторката не го очекувала тоа. Интересно е што идентитетот на нејзиниот вереник сè уште е непознат, а долго време се шпекулирало дека е странец.
Сепак, сега се појави информација дека нејзина кума ќе биде Тамара Еклстоун, ќерка на милијардеот од Формула1.
„Партнерот на Мелина изнајми на неколку часа еден од најпознатите луксузни ресторани во Монте Карло, кој е еден од нејзините најомилени. На вечерата беа присутни околу 50 гости од целиот свет, меѓу кои нејзината ќерка Џина, нејзината мајка, како и нејзината кума, милијардерката Тамара Еклстоун. Таа не знаеше ништо за свршувачката, бидејќи за тоа не се зборувало претходно, а изненадувањето се подготвуваше уште од летото. Мелина мислеше дека ќе биде само уште една обична вечера, но кога ги виде сите свои драги луѓе, речиси се онесвести од возбуда. Поранешната сопруга на Харис добро се офајди од нејзиниот партнер, па таа вечер, покрај скап прстен, доби и стан на свое име во Монте Карло, каде што живееја заедно дотогаш, како и ултраретка чанта „Ерме Кели“ изработена од кожа на алигатор, за која сонуваше со години, а чија цена е 80.000 евра“, изјави изворот за Курир. пренесува нова.рс.






