Една од најубавите заливски плажа близу Саранда, Албанија, од викендот е повторно достапна за граѓаните, откако десетици жители и сопственици на имоти во Какоме, протестираа за да го заштитат имотот за кој тврдат дека им припаѓал на нивните семејства со генерации. За време на протестот, тие ги отстранија поставените ѕидови, стражарските згради и бодликавата жица што го опкружуваа заливот Какоме. Два дена претходно, беше отстранета и портата на влезот во заливот, објави Топ ченел.
Овој протест е еден од серијата во последните три седмици во Албанија, при кои се бара враќање на зафени реки и водетоци, плажи и имоти, кои преку различни постапки биле дадени на бизнисмени. Во центарот на граѓанското незадоволство е изградбата на најавениот резорт на остров, каде како инвестотор се јавува зетот на американскиот претседател Трамп, Џерард Кушнер.
Граѓаните, кои викендов посегнаа по заштитениот простор во заливот, изјавија дека конфликтот околу сопственоста на Какоме трае од 2004 година и стана еден од најдолгите имотни спорови во јужна Албанија. Тие рекоа дека со текот на годините биле разочарани од сите политички партии, бидејќи, според нив, добиле само ветувања, а не конечно решение.
Според демонстрантите, станува збор за околу 29 илјади хектари земјиште, за кое се водат административни и судски процеси повеќе од 20 години. Тие нагласија дека нема да се откажат од своите барања и предупредија дека протестите ќе продолжат сè додека не им бидат целосно признати сопственичките права врз овие земјишта.

Според жителите, оваа ограда го оневозможила пристапот до нивните земјишта и користењето на плажата, не само за локалните жители, туку и за посетителите. Со години изразуваат загриженост поради ограничувањето на пристапот до оваа област.
Демонстрантите изјавија дека нема да дозволат нивните земјишта да бидат одземени од олигарси или инвеститори кои, според нив, се политички поддржани. За време на протестот, тие го користеа и слоганот: „Со крв ќе ги браниме земјите на нашите предци“. Демонстрантите побараа оставка од премиерот Еди Рама.
Плажата Какоме, позната на албански како Плажи и Какоме, е недопрена и затскриена плажа која се наоѓа на јонскиот брег на јужна Албанија, во близина на градот Саранда. Оваа прекрасна плажа е позната по своите кристално чисти тиркизни води, финиот бел песок и околните бујни зелени ридови, создавајќи живописна и мирна околина.







