(Видео) Жесток дуел меѓу Апасиев и Мицкоски – Нацев од „Рубикон“ бил кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ 

На седницата за пратенички прашања во Собранието, Димитар Апасиев покажа слики со Александар Нацев, кого Обвинителство го посочува како вистински сопственик на агенцијата за обезбедување во искорената дискотека „Пулс“ во Кочани, го демантираше премиерот Христијан Мицкоски дека не го знае. Апасиев откри дека Нацев бил кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Пробиштип, како и основач на два институти, а бил и делегат на конгресот каде Мицкоски беше избран за претседател на партијата.

Мицкоски му врати на Апасиев со документи од свиркачи и побара да дакаже дали е точно или не. Мицкоски зборуваше за земени кредити од партијата Левица од банка, за префрлање на средства од партијата на личната сметка на Апасиев, а сподели и како што рече внатрепартиска преписка за купување на партиски имот во центарот на Скопје.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ