(Видео) НАСА објави нови слики од „Далечната страна“ на Месечината

Фото: Х видео принтскрин

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА објави нови слики од Месечината направени од астронаутите на мисијата „Артемис 2“.

„Блиската страна“ на нашиот природен сателит (полуосферата што ја гледаме од Земјата) е видлива на горната половина од месечевиот диск. Препознатлива е по своите темни дамки. Ова се прастари лавини од времето кога Месечината кога била вулкански активна. Големиот кратер што се наѕира под лавините, со темно средиште – е тн. Ориентален Басен. Toa e кратер широк околу 960 км, којшто се протега низ блиската и далечната страна, поточно на работ на Месечината, а е делумно видлив од Земјата. На новите слики имаме целосен поглед на кратер.

Сè она под кратерот е „Далечната страна“ – полуосферата што не може да се види од нашата планета, бидејќи Месечината се врти околу својата оска со иста брзина како што орбитира околу Земјата, објасни НАСА на својата страница.

Новите снимки од Месечината се појавија на интернет и во боја, обработени од астрофотографот Дејмијен Пич. Боите се позаситени за да бидат повидливи со голо око, но судејќи според описите на космонаутите, и тие можеле да ги видат. Она што следи е враќањето на месечевите астронаути. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ