Во терористичкиот напад во Сиднеј убиен фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден

Во траорниот терористички напад кој вчера се случи на плажата Бонди во Синдеј загина 27-годишниот Ден Елкајам, фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден, соопштија од клубот.

„Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер на Рокдејл Илинден фудбалскиот клуб, Ден Елкајам,беше жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025. Ден беше интегрален член на нашиот тим кој беше екстремно талентиран и популарна личност меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство за фамилијата на Ден, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе недостасува. Нека почива во мир“, потврди клубот.

16 лица беа убиени, а 40 ранети, откако татко и син отворија оган од огнено оружје во толпата на плажата Бонди во Сиднеј, каде се одржувал настан по повод првиот ден од еврејската прослава на празникот Ханука.

(К.М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ