Горивото на „резерва“ во Црна Гора поради протестот на транспортерите, Србите загрижени за застој во извозот

Фото: Видео принтскрин

Резервите на гориво на бензинските пумпи низ Црна Гора се намелени и можат да траат само неколку дена, оценува Министерството за енергетика и рударство по трите дена блокада на границите од страна на транспортерите.  Како што објави ова министество, поради прекини во товарниот сообраќај и блокади на граничните премини и во областа на пристаништето Бар, внимателно се следи пазарот на нафтени деривати и презема мерки за зачувување на залихите, со предупредување дека моменталните залихи на гориво се претежно намалени на количините на бензинските пумпи.

„Имајќи ги предвид зголемените ризици за редовното снабдување на пазарот, Министерството упати итно барање до сите нафтени компании што работат во Црна Гора да достават клучни податоци за расположливите залихи, капацитетите и проценетиот период на редовно снабдување со нафтени деривати, со цел да се овозможи навремено планирање и координиран одговор“, се наведува во соопштението, по повод блокадите на граничните премини што започнаа вчера.

Здружението на транспортери на Црна Гора ги блокираше премините Дебели Бријег, Илино брдо, Враќеновиќи, Ранче, Метељка, Добраково, Драченовац, Кула и Божај, како и влезот и излезот од пристаништето Бар, поради новиот електронски систем за влез и излез во ЕУ (Систем за влез/излез – EES) и ограничувањето на времетраењето на престојот – работата на професионалните возачи во земјите од Шенген зоната на максимум 90 дена во период од шест месеци. Блокадата е дел од регионална иницијатива.

Во соседна Србија, каде исто така се спроведува блокада на границите, властите се загрижени за извозот и вкупната економија, не само за транспортниот сектор. Раководителот на Центарот за регионална соработка на Српската стопанска комора, Александар Радовановиќ рече дека најпогодени ќе бидат автомобилската, хемиската, гумената индустрија и земјоделството. Тој исто така истакна дека поради оваа ситуација постои голема опасност од губење на дел од европскиот пазар. 

„Доколку синџирите на снабдување се нарушат и ако не е можно да се увезува и извезува стока, може дури и да доживееме колапс на економијата, бидејќи фабриките нема да имаат начин да извезуваат“, предупреди Радовановиќ, кој оцени дека административниот дел во ЕУ не разбрал колку е важно ова прашање и дека дури сега, по блокадите, сфатиле дека сите губат.

Властите на Босна и Херцеговина оценуваат дека патниот транпосрт е крвоток на економијата и ото мора да се застане со целиот капацитет зад трансортерите „бидејќи се соочуваат со дикриминаторски однос и став на маќеа од ЕУ“.

Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Сташа Кошарац вели дека проблемот со возачите што остануваат во земјите од Шенген зоната и новиот систем за влез во ЕУ мора да бидат ставени на врвот на приоритетите на сите надлежни институции. 

– Верувам дека ресорниот министер Един Форто мора итно да оди во Брисел и да го реши ова прашање со институциите на ЕУ. Нека ги покани надлежните министри од регионот и заедно да инсистираат ЕУ да ги почитува барањата на нашите превозници. Не можеме да молчиме за овој неправеден и некоректен став на ЕУ кон нашите превозници,  изјави Кошарац за Дневни аваз.

Извор: Вјести, Дневни аваз, Курир, Н1

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ