Руски дрон падна во близина на автобус на рудник во областа Павлоград во регионот Дњепропетровск, при што животот го загубија 12 рудари, а седум се повредени, соопшти украинската војска, пренесува Рубрика.
„Непријателот со беспилотно летало таргетираше службен автобус на едно од претпријатијата во областа Павлоград. Според прелиминарните информации, 12 лица се убиени, а уште 7 се повредени“, првично напиша раководителот на ОВД Дњепропетровск, Олександр Ганжа.
Според него, сите детали во моментов се разјаснуваат. Компанијата ДТЕК во чија сопственост е рудникот за јаглен, каде работеле рударите, потврди дека 12 рудари загинале, а 16 се повредени, од кои 9 се во сериозна состојба.

Автобусот превезувал работници кои требало да ја почнат својата смена. Русите употребиле 4 беспилотни летала „Шахед“.
Ден претходно, руската армија го нападна Никополскиот округ во Дњепропетровската област. Едно лице беше убиено, а седум други беа повредени.
Извор и фотографија: Рубрика










