Кина потврдува дека ги укинува дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз

Кина ќе ги суспендира дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз за една година, но ќе ја задржи стапката од 10 проценти, соопшти Царинската комисија на Државниот совет на Народна Република Кина (владата на Кина).

Ова доаѓа неколку дена по состанокот минатата недела меѓу кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп.

Комисијата, исто така, објави дека Кина, најголемиот светски купувач на земјоделски производи, ќе ги укине некои царини до 15 проценти за американските земјоделски производи од 10 ноември.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ