Партијата Левица определи кандидати за градоначалници на претстојните Локални избори во 10 општини:
Гевгелија – Тони Аврамов, професор по македонски јазик;
Куманово – Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности;
Македонски Брод – Марјан Ѓурчески, магистер по фармација;
Крушево – Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер;
Кочани – Жаклина Филипова-Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани;
Илинден – Мартин Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“;
Пехчево – Невенка Тренчевска, инженер за животна средина;
Берово – Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина;
Ранковце – Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии и
Старо Нагоричане – Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар, сопственик на сточарска фарма.
„Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари. Нашите кандидати се луѓе кои ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните.За Левица, општините се темелот на вистинската промена, соопштија од партијата.







