МВР на Србија: Во писмо за министерот Дачиќ пронајдени три куршуми

Српското МВР соопшти денеска, дека вчера, при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми.

При безбедносната проверка на пратката на рендгенски уред, било утврдено дека во пликот има куршуми. Истрагата утврдила дека пликот бил предаден на 26 август во канцеларијата на Поштата на Србија во Пожаревац. Полицијата го идентификувала и го пронашла лицето кое го предало пакетот, а понатамошната работа за утврдување на сите околности на настанот е во тек.

Министерството за внатрешни работи на Србија нагласи дека презема сите мерки и дејствија пропишани со закон со цел да се заштити безбедноста на граѓаните и институциите на државата.

Фото: МВР Србија

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ