Министрите за одбрана на северните земји на ЕУ ја поддржуваат Украина и бараат нови санкции против Русија

Поддршката за Украина и зајакнувањето на нејзината одбранбена индустрија се главните теми на денешната средба на министрите за одбрана на ЕУ во Копенхаген, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Литванската министерка за одбрана Довила Шакалиене истакна дека секундарните санкции се најефективниот начин за блокирање на финансирањето на руската војна во Украина.

Од друга страна, естонскиот министер за одбрана Хано Певкур нагласи дека членството на Украина во НАТО е најдобрата гаранција за нејзината безбедност.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ