Новите правила за возачките дозволи легализираат возачи на 17 години во ЕУ

Со воведувањето на новите правилата за возачки дозволи на ниво на Европската Унија, сега ќе биде можно да се добие возачка дозвола на возраст од 17 години. Тоа подразбира дека веќе на 16 и пол години младиот потенцијален возач ќе започне со автошкола, каде што ќе мора да го совлада возењето. Но, во исто време, овие млади луѓе ќе се соочат со построги правила и санкции.
Оваа промена, исто така, воведува правило до малдиот возач во период од една година задолжително да има совозач. Кој може да биде тој совозач, освен неколку услови што мора да ги исполни, не е јасно дефинирано.

„Совозачот мора да има најмалку 24 години, да има возачка дозвола најмалку 5 години, иако можеби никогаш не возел автомобил и да не им била одземена дозволата за возење во изминатите 5 години. Тоа е добро, но клучно е искуството на лицето, а нема одредба за тоа како да се потврди тоа искуство“, објасни  Синан Алиспахиќ, помошник генерален секретар на Хрватскиот автомото сојуз.

Сообраќајните експерти  прашуваат чија ќе биде одговорноста во вакви случаи.

„Во Хрватска, возрасен е некој што има 18 години, а само на 18 години лицето е целосно одговорно според кривичниот закон. Ако тој малолетник на 17 години предизвика сообраќајна несреќа, прашање е кој ќе биде одговорен за тоа“, рече  Горан Хусинец , сообраќаен експерт.

Рокот за спроведување на новите правила е четири години.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ