Осудени Кецмановиќи: Владимир и Милјана одат во затвор заради масакрот кој во Рибникар го изврши нивниот син

Вишиот суд во Белград ја изрече втората првостепена пресуда за Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на момчето кое на 3 мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет свои врсници и училишниот чувар, а рани уште шест лица.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, во завршниот збор предложи судот да им изрече максимални затворски казни. За Владимир Кецмановиќ беше предложена единствена казна затвор од 14 години и 11 месеци, додека за Миљана Кецмановиќ беше предложена затворска казна од три години.

Од друга страна, одбраната побара ослободителни пресуди, наведувајќи дека наводите во обвинението не се докажани и дека нема докази оти обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар.

На претходното рочиште завршни зборови дадоа полномошниците на оштетените, како и самите оштетени, односно членовите на семејствата на убиените.

На пресудата што ќе ја донесе судот, и одбраната и обвинителството ќе имаат право да поднесат жалба до Апелациониот суд во Белград.

Судењето се повторува затоа што Апелациониот суд во Белград ја укина првостепената пресуда со која Кецмановиќ беа осудени на повеќегодишни затворски казни и наложи повторување на постапката.

Со првостепената пресуда, Владимир Кецмановиќ за кривичните дела занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко дело против општата безбедност беше осуден на 14 и пол години затвор. Неговата сопруга Миљана Кецмановиќ, за кривичното дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице, беше осудена на три години затвор.

Момчето К.К., кое во времето на извршувањето на злосторството немало наполнето 14 години и поради тоа не може кривично да одговара, на 3 мај пукало во училиштето со два пиштола што му припаѓале на неговиот татко, а кои ги земало на 1 мај 2023 година. Тој ден ги ставил во својот ранец, заминал на училиште и за време на првиот час усмртил 10 лица, а ранил уште пет деца и наставничката по историја.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ