Песков: Русија прифати да се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија прифатила да се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари, во согласност со молбата на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Москва се согласи на барањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари за да се создадат поволни услови за преговори. Зборуваме за создавање поволни услови за преговори. Да, секако, постоеше личен апел од претседателот Трамп, соопшти Песков.

Трамп вчера изјави дека лично го замолил Путин да не ги напаѓа Киев и низа други градови во Украина поради екстремниот студ во наредните недела дена.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, рече дека во најновите преговори е постигнат значаен напредок во напорите да се стави крај на војната во Украина.

Зборувајќи за можниот мировен договор меѓу Украина и Русија, Виткоф на состанокот на Кабинетот отворен за јавноста рече дека се случуваат „многу добри работи“ меѓу двете страни кои разговараат за територијален договор и дека преговорите ќе продолжат следната недела.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ