Малата Анхелина, која имаше само 2 години, е најмладата жртва на масовниот руски напад врз Киев на 28 август. Малото девојче и нејзината 24-годишна мајка, Надја, се меѓу 25-те жртви на ужасниот напад, објавува „Киев Индепендент“ .
„Таа е родена за време на руски напад во октомври 2022 година и почина во руски напад во август 2025 година. “ соопшти украинското Министерство за надворешни работи.
Изданието објави фотографија на Инстаграм од Анхелина како седи до нејзиното големо мече на нејзиниот втор роденден. По рускиот напад на 28 август, спасувачите го пронајдоа истото мече под урнатините, но не и неа. Таа не го доживеа својот трет роденден.
Стотици Украинци се собраа во Киев во недела (31 август) за да ги испратат Анхелина и нејзината мајка на нивното последно патување .
На погребната служба се собраа жители на уништената зграда во населбата Дарницк, соседи, роднини, пријатели.
Во близина на оштетената зграда, жителите на Киев создадоа импровизиран споменик, каде што донесоа цвеќе и играчки во чест на жртвите.







