„Секое одложување мора да биде потврдено, на пример медицински, ако не е веродостојно ќе има казни. Гарантираме дека се ќе биде транспарентно. Имајќи го ова предвид, ве молам, ако можете сами да се организирате, барем да присуствува по еден претставник на семејството на рочиштата. Не можеме да гарантираме брзина, за да не се направат грешки и случајот да пропадне. Никој не знае колку време ќе трае, дали пет месеци или пет години. Ако правиме сè редовно, нема да го одложуваме процесот за да се добие правда“, изјави судијката Дијана Груевска-Илиевска на почеокот на судскиот просец за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.
Следете го блогот со најнови информации за судењето за Пулс овде.



