Совршено и уникатно – Lord of the dance светски танцов спектакл кој се гледа повторно и повторно

Шоуто Lord of the dance е светски познато танцов спектакл, кое се гледа повторно и повторно. Ова уникатност не ја задоволува човековата љубопитност само еднаш, бидејќи насвистина се светска атракција, во која вреди да се ужива.

Така беше и вчера вечерта во СЦ „Јане Сандански“, каде 30-тина танчери уште еднаш ја покажаа нивната совршеност на традиционниот ирски степ-танц, комбиниран со модерна сценографија, музика и приказна, базирана на борба меѓу доброто и злото.

Навистина е совршенство кога толку многу луѓе функционираат како да се едно тело. Брзи и прецизни движења на нозете, бидејќи горниот дел од телото е речиси неподвиже, а сето тоа надополнето со уникатни костими и светлосни ефекти.

А музиката? Таа не е само дополнување, туку главен двигател на целото шоу, кое претставува комбинација на традиција и модерно.

Таквата комбинација е доведена до совршенство и заслужено ги добиваа долгите аплаузи иако салата, за жал, не беше полна.

Сепак, тие што дојдоа навистина уживаа во уникатен спектакл.

Погледднете ја галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ