По договарањето на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот колега Владимир Путин во унгарскиот главен град Будимпешта, денеска излегоа бројни калкулации како би се движел рускиот авион. Русија е под европски санкции, додека Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Владимир Путин. Освен што Унгарија не е потписник на Римскиот статут на МКС, што ја прави земјата погодна за средбата Трапм- Путин.
Унгарија ќе обезбеди рускиот претседател Владимир Путин да може да влезе во земјата на средба во Будимпешта со американскиот претседател Доналд Трамп, а потоа да си замине без пречки, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Нема потреба од никакви консултации за ова прашање, ние сме суверена држава. Ќе го пречекаме Путин со почит, ќе обезбедиме домаќинство за средбата и добри услови за преговори со американскиот претседател“, нагласи тој.
„Секоја средба што ја движи Украина кон праведен и траен мир е добредојдена“, коментираше официјален претставник на Европската комисија.
Србија, Труција, Црна Гора и Турција се споменуваат како земја за прелет на урскиот авион. Некои од овие земји би можеле привремено да ја симната забраната, како што беше случајот за рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров при неговото доаѓање во Белград.
Намерата е самитот во Будимпешта да се одржи во следните две недели, а датумот ќе биде прецизиран во разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи и американскиот државен секретар.
Руската агенција Риа новости јави дека по последниот разговор меѓу Трамп и Путин, кој траел дваипол часа, синоќа Путин разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан за подготовките за самитот Русија-САД, соопшти прес-службата на Кремљ.
Орбан изразил подготвеност да обезбеди услови за организирање на настанот.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков додаде дека има многу отворени прашања во врска со организацијата на состанокот меѓу претседателите, а треба да се утврдат и преговарачките тимови. Сè уште е нејасни и рутата на патување на Путин
Зборувајќи за изборот на Унгарија како место за одржување на настанот, Песков нагласи дека таквите одлуки се донесени со заемно разбирање. Унгарија си ја задржа суверената позиција, и покрај членството во НАТО и ЕУ, е став на Песков.










