Украинскиот тајкун Петро Димински, поранешен пратеник од партијата на пребеганиот поранешен премиер во Русија, Виктор Јанукович, е баран од украинските власти поради тоа што во 2017 година предизвикал сообраќајна несреќа во која усмрти 31-годишна жена. Четири дена по несреќата, наводно ја напуштил земјата со својот приватен авион.
Димински, кој пред заминувањето од Украина имаше повеќе развиени бизниси, телевизија и фудбалски клуб, сè уште е баран од украинските власти. Со богатство од 103 милиони долари, тој беше рангиран на 44-то место на листата на Форбс на најбогати Украинци во 2016 година. Беше пратеник од редовите на Партијата на регионите, која украинските власи ја забранија во 2023 година. Против него се водеше и истрага за местење на фудбалски натпревари, поради што имаше едногодишна суспензија.
Иако медиумите известуваа дека Димински бил забележан во низа европски земји во годините оттогаш, неговото местоположба останува непознато. Претходната истрага е ставена на пауза додека службените лица се обидуваат да го лоцираат, изјавија обвинителите за украинскиот партнер на OCCRP, NGL.media.
Сега, новинарите открија дека 70-годишникот презел мерки веднаш по несреќата за да го обезбеди својот статус во странство, добивајќи престој во Грција и државјанство во Србија, објави истражувачката мрежа ОККРП.
Записите добиени од ОККРП и партнерите покажуваат дека два месеци по смртоносниот судир, тој потрошил 280.000 евра за затворен дуплекс во атинското предградие Вула. Инвестицијата го квалификувала за грчка златна виза, која доаѓа со дозвола за престој и патување без виза низ Шенген зоната.
Димински ја обновил визата во ноември 2022 година, покажуваат записите, и ја напуштил Грција истиот ден, според податоците за патување што ги видел грчкиот партнер на OCCRP, „Инсајд Стори“. Не е познато дали се вратил. Кога новинарите ја посетиле адресата на неговиот дуплекс во мај, зградата изгледала запуштена и делумно во фаза на реновирање.
Грчката полиција и Министерството за миграција одбија да коментираат за неговиот случај. Димински не одговори на прашањата што новинарите им ги испратија на неговата ќерка и адвокат.
Кратко по купувањето на својот грчки имот, Димински успеал да обезбеди и српски пасош во ноември 2017 година, покажува друг сет протечени гранични податоци. Три години подоцна, неговата сопруга Олена, исто така, добила државјанство од балканската држава. Двојката летала од Атина до Белград и назад на денот кога бил издаден документот, според граничните податоци што ги виде „Инсајд Стори“.
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на Димински му е доделено државјанство бидејќи тоа се сметало за „во интерес на државата“, без да даде дополнителни детали. Иако земјата не нуди шема за плаќање за пасош, таа и претходно им доделуваше државјанства на познати странски државјани, вклучувајќи политичари од Романија и Тајланд кои беа барани од властите во нивните татковини, пишува ОККРП.







