Судијката Диана Груевска Илиевска најави продолжување на судењето за трагедијата во Кочани, откако претходно одбраната на обвинетите побара одлагање на рочиштето. Советот одлучи да се прифати барањето за користење на интегрирана листа на докази по спојувањето на постапките, соопштувајќи дека тоа не го нарушува правото на ниту една страна во процесот.
Обвинителството ќе го презентира интегрираниот текст на обвинението и целата листа на докази пред да започне воведниот говор. Судот ќе го внесе овој материјал во записникот, кој ќе биде доставен до сите учесници во постапката. Доколку одбраната има забелешки, тие ќе можат да ја прошират или изменат својата листа на докази и да ја поднесат пред да дадат воведен збор.
Судијката објасни дека во интегрираниот текст нема промени во дејствијата на обвинетите, ниту се воведени нови докази кои претходно не биле доставени. Покрај тоа, Советот нареди да се изврши превод од албански на македонски јазик, а доволен број примероци ќе бидат распределени до сите странки.
По завршувањето на воведниот збор од страна на обвинителството, сите учесници ќе ги добијат интегрираниот текст и листата на докази за увид и понатамошно изјаснување, истакна судијката.
Следете го блогот со најнови информации за судењето за Пулс овде.




