Пастмајлија долга над 2 метри, широка 1 метар, подготвена за 150 луѓе попладнево беше однесена од пет луѓе на раце до пешачката зона, каде е лоцирана сцената на овогодинашната Пастрмалијада. Џиновската пастрмалија е подготвена во пекарата „Штипски сокак“ и е испечена од 25 килограми тесто и 17 килограми свинско месо. Штипскиот специјалитет е подготвен по стар рецепт, а од зачини за месото се користени само црвен и црн пипер и сол.
Во следните два дена, пастрмалијата ќе биде главен специјалитет на трпезите на штипјани и нивните гости. Специјалитетот што ќе се нуди на штандовите, според договорот меѓу општината и угостителите ќе се продава по цена од 220 денари и е помала од вообичаената што се нуди по штипските ресторани.







