Уживање со вино – Одбележан Светскиот ден на вранецот

Вчера во Скопје се одржа седмото издание на Светскиот ден на вранецот под мотото: „Каде што
виното се среќава со уметноста“ на кој учествуваа винарии од Балканот пред светот како вински регион во подем.

Вранецот ја поставува Македонија на светската винска мапа како амбасадор на квалитет и автентичност.


Овој уникатен настан ги обединува најреномираните винари, јавни личности, љубители на вино и
гастрономи од целиот регион. Присутните уживаа во дегустации на врвни вина, културна програма, музика и дружење со водечките имиња од винскиот свет.

-Виното е како патување, а „вранец“ е дел од нашето богато наследство. Овие настани ги организираме за поддршка на младите луѓе и за нивните идни можности и напредок. Промените се околу нас цело време. Денес е ден за уживање“, рече Јаневски, претседател на Здружението „Вина од Македонија“ .

Елена Младеновска -Јеленковиќ, извршната директорка на здружението на винарии ,,Вина од Македонија” додели награди на Виктор Ѓамовски, директорот на Земјоделскиот институт во Скопје и на Весна Мараш, професор на Биотехнолошкиот факултет во Подгорица, Црна Гора.

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ