Кога сите очекуваа дека поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, во чие време беше потпишан Преспанскиот договор, ќе формира нова политичка партија, тој излезе со Институт за мир, правда и одржлив развој.
„Институтот „Алексис Ципрас“ има за цел да развива и промовира прогресивни политики и акции за мир, правда и одржлив развој, во Грција, Европа и поширокиот регион. Тој ја поддржува потребата од поширока конвергенција на демократските и главно прогресивните сили околу кохерентни политики за подобрување на животот на граѓаните, одбрана на демократските вредности и зајакнување на меѓународната, европската и регионалната улога на Грција. Целите на Институтот се рефлектираат и во неговата порака и лого преку симболите на еднаквост, колоната и наизменичното користење на специфични зборови што ги пренесуваат неговите цели“, пишува во објаснувањето за формирањето на Институтот.
Институтот „Алексис Ципрас“ денес ги објави 41-те имиња што го сочинуваат научниот совет.
Најавувајќи ги имињата, Ципрас ги најавува како „исклучителна група научници, со врвни биографии и достигнувања, кои ја красат Грција на знаењето“.
-Она што нè обединува е убедувањето дека ако сакаме да ја промениме нашата татковина на подобро, мора да ја запознаеме што е можно подобро. Да ги разбереме проблемите и противречностите на нашето време, да ги проучуваме сите аспекти на општеството и неговото движење и на тој начин да ја развиткаме мапата на иднината, не само, ниту првенствено, со оптимизмот на волјата, туку и со песимизмот на знаењето. А такво нешто е невозможно без одлучувачкиот придонес на просветлените луѓе на науката, пишува Ципрас.
По убедливиот двоен пораз на Сириза на предвремените избори во мај и јуни 2023 година, Алексис Ципрас поднесе оставка. Во 2025 година, тој поднесе оставка од функцијата пратеник на Сириза и најави основање на нова политичка партија.










