Балканскиот медиумски камион пристигнува во Штип

Балканскиот медиумски камион (Balkan News Truck) по средбите во Битола и Гостиварм денеска пристигнува на Плоштадот „Слобода“ во Штип.  Во Македонија патувачкиот медиумски камион доаѓа по турнејата во Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

Balkan News Truck е патувачка платформа што ги истражува вестите, сликите и критичкото размислување. На секоја станица, камионот ќе биде поставен на централни јавни простори, нудејќи проекции, квизови и разговори за тоа како настануваат информациите, како се споделуваат и како ги доживуваме.

Ова е можност за граѓаните да се соберат, да разменат мислења и да ги согледаат вестите од поинаква перспектива — со цел да се поттикне критичко размислување, медиумска писменост и отворен дијалог за улогата и влијанието на информациите во секојдневниот живот. 

Настаните се бесплатни и отворени за сите. За повеќе информации за програмата, говорниците и локациите тука: https://balkan-voices.com/BALKAN-NEWS-TRUCK/ 

Македонската турнеја на Balkan News Truck е дел од предпрограмата на Деновите на медиумска писменост, што ќе се одржат од 17 до 24 ноември 2025 година.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ