Богати европјани плаќале за да убиваат цивили во опсадата на Сараево

Опсадата на Сараево беше следена од Европа и светот со ужас во раните 1990-ти, додека милитанти на босанските Срби и на војската на Република Српска пукаа во невини цивили во „човечки сафари“.

Повеќе од 30 години подоцна, обвинителите во Милано отворија истрага за италијански туристи кои се обвинети дека платиле 70.000 фунти за да се приклучат на ова „човечко сафари“, пукајќи и убивајќи невини Бошњаци.

Обвинителите тврдат дека овие „туристи“, од кои многумина имале врски со крајно десничарски кругови, ѝ плаќале на војската на босанските Срби за викенд патувања во Сараево, каде што пукале од покривите во градот подолу.

Тие платиле дополнителен надомест за да убиваат деца со снајперските пушки, според судскиот поднесок.

Миланскиот писател и новинар Ецио Гавацени вели: „Зборуваме за богати луѓе, со репутација – бизнисмени – кои за време на опсадата на Сараево платиле за убивање невооружени цивили.

„Тие го напуштија Трст за да бидат во лов на луѓе, а потоа се вратија во својот респектабилен секојдневен живот“, тврди тој.

Можеби има повеќе од 100 „туристи“ кои полетале во воената зона и можеби ќе бидат повикани да дадат исказ на судењето.

Опсадата заврши во 1995 година, оставајќи 13.952 мртви. 5.434 од овие жртви беа цивили.

Извор: Metro.co.uk

Фото: Град Сараево

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ