Во СВР Штип ноќеска било пријавено дека на паркинг е опожарено патничко возило „фоксваген туран“. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, пожарот е изгаснат.
„На 17.11.2025 во 01:30 часот вo СВР Штип е пријавено дека на паркинг простор на ул.„5 Конгрес“ во Штип настанал пожар во патничко возило „фоксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(53) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, ооопшти СВР Штип.
Според информациите нема повредени, а од извршениот увид ќе се знае за причините и евентуалниот мотив за делото.
Во перидот од две недели (од 4 ноември до денес), ова е трето возило што е пријавено за запалено или оштетено во Штип.
Како што веќе информиравме, на 4 ноември во 2 часот беше пријавено дека изгорело патничко возило „фолксваген венто“ паркирано на новиот дел од булеварот „Партизанска“. Минатиот понеделник на возило „фолксваген пасат“ беше оштетено, откако врз него беше фрлена корозивна течност.
Овој тренд на опожарување или оштетување на возила им донесе многу работа на истражните органи во изминатите 2-3 години, кога беа запалени триесетина возила.
Фотографија:Архива







