„На самиот старт на денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“, наидуваме на еден голем скептицизам и разработена шема на адвокати и на обвинети кои манипулираат на разни можни начини нашата болка уште повеќе да ја зголемат“, изјави за медиумите таткото на починатиот Андреј Стојанов, еден од 63-те жртви на пожарот во дискотеката Пулс.
„Ме чуди со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите ќе се ситат, ќе земат крвави пари и со гордост велат дека ова судско рочиште ќе трае 15-20 години“ – додава таткото на Андреј, Томче Стојанов.
Следете го блогот со најнови информации за судењето за Пулс овде.




