Грција, земја со рекореден број на жртви на патиштата подготвува нов предлог закон за сообраќај, кој внесува значајни технолошки решенија, по пример на развиение земји во светот. Така, се разгледува иновација за внесување на нов механизам што нема да дозволи мотоциклот да запали ако возачот не носи шлем. Технологијата е веќе тестирана, ќе работи со посебен сензор и со помош на вештачка интелигенција. Цената се проценува на 1 милион евра и може да се користи на мотоцикли произведени од 2000 година па наваму. Идејата за имплементација предвидува уредот да биде поставен на мотоциклот кога возачот ќе биде фатен без кацига, за да не може да го стори тоа повторно… следниот пат.
Спречување на возење под дејство на алкохол
Истата филозофија ќе се применува и за прекршоци поврзани со алкохол . Доколку возачот биде фатен дека го надминал ограничувањето на консумирање алкохол, тогаш се разгледува таканареченото „алкохолно блокирање“ , односно ќе се инсталира машина во која следниот пат возачот ќе треба да дувне за да направи алкотест и ако е под ограничувањето, тогаш ќе може да го запали автомобилот, во спротивно моторот ќе остане деактивиран. Овој систем веќе се имплементира во Шведска и Белгија и донесе резултати. Се размислува и за стимуларање за примена на овој модел на работа со тоа што веднаш може да се врати дозволата доколку возачот прифати инсталирање на оваа специфична машина во неговиот автомобил. Оваа специфична мерка веќе се применува на новите автобуси во Грција за професионални возачи.
Апликација за поени за нови возачи
Анализите покажуваат дека повеќето несреќи се предизвикани од млади возачи кои имаат возачка дозвола до две години. Идејата е да се создаде апликација која ќе ги евидентира статистичките податоци за однесувањето при возење, како што се брзината, наглото сопирање и употребата на мобилен телефон. Апликацијата ќе генерира резултат за возење , до кој осигурителните компании ќе имаат пристап. Колку е подобро однесувањето на возачот при возење, толку пониски ќе бидат понудени премии. Идејата е апликацијата да биде задолжителна за секој што ќе добие возачка дозвола и во следните две години, бидејќи тогаш се евидентираат повеќето несреќи. Друга идеја е специфичната апликација да се прошири опционално по двете години за секој што сака да побара намалени премии.
Рестрикции и при продолжување на дозволите на повозрасните возачи
Друга мерка што се разгледува е како да се намалат… опасните обновувања на возачките дозволи за постарите лица . Денес, едноставно лекарско мислење е доволно за да се обнови возачката дозвола. Доволно е добро познат лекар да им даде дозвола на постари лица кои немаат потребни услови за возење на патот. Идејата е да се дигитализира процесот за да може да се види кој лекар дал дозвола за обновување на возачката дозвола. Платформата ќе биде поврзана со IDIKA, која ја има целосната медицинска историја на граѓаните. Затоа, ако лекар даде медицинско мислење, на пример, дека постаро лице гледа совршено, тоа ќе се покаже до кој степен е вистина, ставајќи крај на лажните потврди. Притисокот врз оние лекари кои го прекршуваат законот ќе се зголеми, бидејќи ако постаро лице предизвика несреќа, ќе се провери нивното здравствено досие и дали можеле да возат, со што лекарот што ја обновил неговата возачка дозвола ќе биде одговорен.
Извор: Катимерини
Фото: Freepik










