Денеска се одржува третото рочиште од судењето за трагедијата во Пулс.
14:50 – Одбраната: Обвинението против Михаил Јованов се темели само на тоа што е син на сопственикот на Пулс
Во воведното излагање на денешното рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, адвокатката Ивана Коцевска, бранител на третообвинетиот Михаил Јованов, истакна дека Обвинителството не обезбедило ниту еден доказ кој ја поткрепува тезата за негово гонење, ниту пак прецизирало конкретно дејствие што му се става на товар. Според Коцевска, третообвинетиот Јованов се наоѓа на обвинителна клупа единствено затоа што е син на газдата на „Пулс“ Дејан Јованов, којшто е првообвинет во случајот. – прочитај повеќе.
13:50 – „На сите рацете ни се крвави затоа што молчевме“ – адвокат на обвинети за Пулс
Бранителот на Митко Стојанов и Стојанчо Димитриев, Благој Јованов во судењето за случајот „Пулс“, го обвини ОЈО дека наместо докази користи „ефект на пеперутка“. – прочитај повеќе.
13:35 – „Доказите не смеат да се ценат од пристрасноста на народот и неукоста на засегнатите“ – Адвокатката на Дејан и Михаил Јованови со забелешки
Адвокатката на сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко, и неговиот син Михаил Јованов, во судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс, во кој загинаа 63 лица, а 211 беа повредени, на денешното трето рочиште изнесе низа забелешки за судот, обвинителството, медиумите, јавноста, како и семејствата на загинатите и повредените – прочитај повеќе.
13:20 – Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов: Никогаш не би дозволил да фали нешто во клубот каде се собираат сите млади и моите деца
„До ден денеска се чудам и сѐ уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ. Јас како човек и како родител, во клуб каде што се собираат сите млади и моите деца, никогаш не би дозволил да фали нешто“, изјави сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, во воведните зборови на денешното рочиште во судницата во Идризово. – прочитај повеќе.
12:11 – „За вас е убиец, за мене обичен човек“ – Адвокатката на газдата на Пулс во излагањето пред судот
Адвокатката на Дејан Јованов-Деко, сопственик на дискотеката Пулс во своето излагање пред судот кажа дека тој не е монструм:
„Тешко ми е да го бранам човекот што за сите вас, во вашите очи е убиец, а за мене само еден обичен човек. Еден обичен човек кој колку и да го правите монструозен, тој не е.“ – прочитај повеќе.
11:48 – Обвинетите за пожарот во Пулс не се чувствуваат виновни
Сите обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. – прочитај повеќе.
10:30 – Во затворот кај обвинет за Пулс пронајдени 13 телефони и лаптоп
Во затворот кај обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, информираше судијката Диана Груевска Илиевска непосредно пред почетокот на денешното рочиште. – прочитај повеќе.
08:10 – Има ли чувство на вина за трагедијата Кочани? – Денеска се изјаснуваат обвинетите
Во судницата во Идризово денеска во 09:30 часот продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани во кој загинаа 63 млади луѓе и над 200 беа повредени. На ова продолжение се очекува изјаснувањето на обвинетите дали се чувствуваат виновни, по што воведни зборови ќе имаат нивните адвокати. Ќе биде долго рочиште, бидејќи има 37 обвинети од кои 34 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Еден од обвинетите поранешни градоначалници има тим од четворица бранители. – прочитај повеќе.
Сите информации од другите рочишта:





