Родителите трчаа да ги соберат своите деца, а паниката се прошири насекаде, кога синоќа во текот на предновогодишната прослава на палење на сијаличките на елката во грчкиот град Кожани, експлодира огнометот .
Според kozanimedia, огнометот, кој бил поставен пред зградата на Народната банка, „експлодирал“ над главите на луѓето. Родителите трчаа да ги земат своите деца, а имаше и полесни повреди. Една жена дури отишла во блиската аптека со мала рана на челото.
Фотографија: Принт скрин kozanimedia










