Стопирана програмата за зелена карта во САД

Фото: Видео принтскрин

Програмата за добивање постојан престој во САД, попозната како „зелена карта“ ќе биде стопирана. Секоја година таа овозможува издавање околу 55.000 визи за државјани од земји со пониско ниво на имиграција. Аплицирањето се одвива низ повеќе фази и подразбира темелни проверки, вклучително и интервју со надлежните служби, како и задолжителни медицински прегледи.

Во меѓувреме, американските власти го идентификуваа 48-годишниот португалски државјанин Клаудио Мануел Невес Валенте како осомничен за серијата смртоносни напади во образовни институции, а токму тој влегол во САД преку таа визна програма во 2017 година. Тој се доведува во врска со пукањето на универзитетот „Браун“, каде што и самиот бил студент, при што животот го загубиле двајца студенти, а уште девет лица биле повредени. Валенте е осомничен и за убиството на професор на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).

Осомничениот подоцна бил пронајден мртов со прострелна рана, а според првичните информации од истрагата, станува збор за самоубиство.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ