(Видео) На годишната прес конференција на Путин дојде и до запросување

Уралскиот новинар Кирил Бажанов, на годишната прес конференција на рускиот претседател Владимир Путин, со транспарент во рака ѝ предложи брак на својата девојка додека се емитуваше преносот во живо.

Некое време не се знаеше каков е одговорот на девојката, но кратко потоа репортерите преносоа дека рекла „да“.

„Не знаев за идејата. Реков „да“, изјавила девојката.

Новинарот Бажанов на пресот се појавил во костум и во еден момент го побара микрофонот да постави прашање, по што го подигна транспарентот на кој пишуваше „Сакам да се оженам“. Рускиот лидер истакна дека лицето кое го поставува прашањето веќе било облечено за посебна пригода.

Како резултат на тоа, дописникот го покани Путин на свадбата.

Рускиот претседател на настанот кој траеше повеќе од четири часа, одговори на над 80 прашања на новинарите, но и на граѓаните, кои од 4 декември поставуваа прашања за Путин.

Според информациите на руските медиуми, биле поставени на три милиони прашања.

Од клучните поенти, Путин рече дека Русија е подготвена да го прекине конфликтот во Украина откако ќе се решат основните причини, додека според него „Киев во суштина одбива да го заврши конфликтот со мирни средства“, додека најави дека „нема да има нови специјални воени операции ако Западот се однесува кон Русија со почит“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ