(Видео) Се степаа пратениците по несогласувањата за Буџетот – прекината седницата во Парламентот на Турција

Тензично беше синоќа во турското Национално за време на последниот ден од дебатата за државниот буџет, кога пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) физички се судрија, разменувајќи тупаници во пленарната сала.

Цели десет минути обезбедувањето не можеше да стави ред при инцидентот кој го принудил претседателот на парламентот, Нуман Куртулмуш, да ја прекине седницата. Обезбедувањето за тоа време со многу тешкотии ги отстрануваа пратениците во тепачката.

Сепак, откако некако се среди хаосот, Парламентот конечно го одобри Буџетот на централната влада за 2026 година со 320 гласови „за“ и 249 „против“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ