Унгарија му даде азил на екс полски министер осомничен за набавка на шпионскиот софтвер Пегасус и за проневера

Фото: Инстаграм

Поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро осомничен за 26 кривични дела е уште еден функционер од странска земја, кое најде нов дом во Унгарија, која му додели политички азил.  Зиобром, како што објави BBC, се соочува со обвиненија за проневера на милиони злоти, вклучително и за овластување за купување шпионски софтвер кој наводно бил користен за хакирање на телефоните на политичките противници.

Поранешниот полски министер е обвинет за злоупотреба на пари од Фондот за правда, кој беше наменет за помош на жртвите на криминал и ресоцијализација на криминалците, во периодот кога тој беше министер за правда од 2015 до 2023 година во десничарската влада на Партијата за право и правда (ПиС), политички сојузник на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Доколку биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со затворска казна до 25 години.

„Решив да го искористам азилот што ми го даде унгарската влада поради политичката репресија во Полска. Избирам да се борам против политичкиот бандитизам и беззаконието. Се спротивставувам на диктатурата што напредува “, напиша Зиобро на платформата X, обвинувајќи го премиерот Доналд Туск дека бара „лична одмазда“ кон него.

Зиобро е обвинет за овластување на купување на израелскиот шпионски софтвер Пегасус за 25 милиони злоти од Фондот за правда, кој – како што утврдија сегашната полска коалициска влада и истражниот тим на Европскиот парламент – бил користен за тајно хакирање на телефоните на политичките противници. Шпионски софтвер Пегасус е добро познат на македонската јавност. Мета во соработка со CitizenLab објави извештај за отстранети групи и профили поврзани со активности од областа на шпиунажа, но и нови закани во онлајн просторот.

Полските власти се лути на унгарските власти поради тоа што Зиобро не е единствениот бегалец од правдата на кој му е дадена заштита. Во декември 2024 година, Унгарија му ддаде азил на поранешниот полски заменик-министер за правда и право и пратеник во правосудството Марчин Романовски, кој е исто така осомничен во истрага за неправилности во трошењето на средствата од Фондот за правда. Обвинителите го товарат Романовски, меѓу другото, за учество во организирана криминална група и местење натпревари користејќи средства од фондот.

Непосредно пред Божиќ, унгарската мисија во ЕУ испрати писмо до мисиите на сите земји-членки во кое ги информира дека Унгарија им доделила азил на двајца полски државјани, објави истражувачкиот портал VSquare, без да ги открие имињата на лицата.

За потсетување, политички азил во Унгарија со години ужива и поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ