Заменик-омбудсманката Марија Филипова е подготвена да ја преземе функцијата вршител на должноста премиер. Таа ѝ кажала „да“ на претседателката Илијана Јотова за време на консултациите за избор на вршител на должноста премиер,пишува БНТ.
Досегашниот биланс покажува дека двајца од можните кандидати за функцијата се согласиле, петмина одбиле .
Претседателката Илијана Јотова утре ќе одлучи кој ќе ја води државата.
Фото: Петел.бг










