Дванаесет рудари загинаа во напад на руски дрон во Украина

Руски дрон падна во близина на автобус на рудник во областа Павлоград во регионот Дњепропетровск, при што животот го загубија 12 рудари, а седум се повредени, соопшти украинската војска, пренесува Рубрика.

„Непријателот со беспилотно летало таргетираше службен автобус на едно од претпријатијата во областа Павлоград. Според прелиминарните информации, 12 лица се убиени, а уште 7 се повредени“, првично напиша раководителот на ОВД Дњепропетровск, Олександр Ганжа.

Според него, сите детали во моментов се разјаснуваат. Компанијата ДТЕК во чија сопственост е рудникот за јаглен, каде работеле рударите, потврди дека 12 рудари загинале, а 16 се повредени, од кои 9 се во сериозна состојба.

Автобусот превезувал работници кои требало да ја почнат својата смена. Русите употребиле 4 беспилотни летала „Шахед“.

Ден претходно, руската армија го нападна Никополскиот округ во Дњепропетровската област. Едно лице беше убиено, а седум други беа повредени.

Извор и фотографија: Рубрика

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ