Крива Паланка со години важи за најубаво новогодишно украсен град. Тоа мало градче ја натера речиси цела Македонија да дојде и да направи новогодина слика за спомен. Но, пофалбите годинава нема да бидат само за Нова Година, бидејќи од вчера кривопаланчано уживаат и во украсениот град во пресрет на Велигденските празници. Се она со што ги украсуваме нашите омови и трпези за Велигден веќе може да се види низ градот. И пофторно прзнична еуфорија, среќа, насмевки и раосни делиња.
Општина Крива Паланка за првпат празнично го украси градот, со цел да се создаде топла и достоинствена атмосфера во духот на празникот. Градот доби ново празнично руво, кое ја отсликува симболиката на Велигден – празник на надежта, обновата и заедништвото. Од општината велат дека ова е почеток на нова традиција. Покрај украсувањето, Општината во соработка со институциите и чинителите од областа на културата подготви и богата дводневна програма.
-Во сабота, ( 11.04.2026 година), на градскиот плоштад во Крива Паланка ќе се реализираат детски забавно-едукативни активности и велигденски игри, наменети за најмладите. Во рамки на програмата ќе се организира и централниот настан – играта „Потрага по велигденско јајце“, по примерот на бројни европски градови, со цел да се поттикне дружење, креативност и празнична радост кај децата. Во наредниот ден, во село Градец, ќе се одржи традиционалниот народен велигденски собор, со богата музичка програма и содржини кои ја негуваат традицијата и културното наследство. Настанот ќе биде воден од познатиот шоумен Раде Рогожаров.
Ова не е само забава и дружење за жителите на Крива Паланка, напротив, од Општина ги покануват сите граѓани да бидат дел од оваа празнична програма за заедно да се одбележи Велигден во духот на заедништвото и радоста.
А како блесна Крива Паланка погледнете ја галеријата:




















