Иран најавува нови напади: „Одговорот ќе продолжи ако агресијата не престане“

Фото: Х видео принтскрин

Иранските власти најавија можност за нов бран напади, откако ескалацијата со Соединетите Американски Држави и нивните сојузници дополнително се засили во последните денови.

Претставници од Техеран порачаа дека воените операции ќе продолжат доколку, како што наведуваат, „агресијата врз Иран“ не биде запрена, предупредувајќи дека земјата ќе возврати на секоја нова акција против нејзината територија или интереси во регионот.

Изјавите доаѓаат во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, каде што веќе се регистрирани ракетни и воздушни напади, како и контранапади меѓу засегнатите страни.

Иранските власти нагласуваат дека нивниот одговор е „легитимен“ и насочен кон, како што велат, воени цели поврзани со непријателските сили, додека од другата страна се предупредува на понатамошна ескалација.

Меѓународната заедница изразува загриженост дека ситуацијата може да прерасне во поширок регионален конфликт, при што се повикува на итно намалување на тензиите и продолжување на дипломатските напори.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ