Зеленски: Русија месечно губи над 30.000 војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили продолжуваат да трпат огромни загуби на фронтот, при што секој месец, според него, гинат или се сериозно ранети повеќе од 30.000 војници.

Тој нагласи дека ваквите бројки се резултат на интензивните борби долж линијата на фронтот, каде што, како што тврди Киев, руската армија спроведува масовни офанзивни операции со висока цена во човечки животи.

Зеленски посочи дека, според украинските проценки и разузнавачки податоци, загубите се движат во распон од 25.000 до над 31.000 војници месечно, што, како што оцени, покажува сериозен притисок врз руската воена машинерија.

Изјавата доаѓа во период на продолжени судири меѓу двете земји, при што и Киев и Москва редовно изнесуваат различни податоци за состојбата на бојното поле, кои не можат независно да се потврдат.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ