Ескалираат судирите меѓу Израел и Хезболах

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта погодила голем број мети во јужен Либан, додека Хезболах наведе дека води интензивни борби во регионот.

Либанската Национална новинска агенција (ННА) јави дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 18 луѓе, а повеќе од 30 се повредени.

Израелската војска денеска напаѓа цели и во долината Бека.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе остане во Либан „толку долго, колку што е неопходно“. Тој додаде дека Хезболах скапо ќе плати за убиството на четирите израелски војници. Тие загинаа за време на операција на израелската армија во пограничната област со Либан.

Израелската армија ќе остане во безбедносната зона во јужен Либан онолку долго колку што е потребно за да ги заштити градовите во северен Израел. Израел не прифаќа напади врз нашите војници или врз нашата територија, посочи Нетанјаху.

Претходно, израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир по информацијата за загинувањето на четворица израелски војници изјави дека „целиот Либан треба да гори“.

Со сета почит кон Американците, но Израел мора да даде јасен знак на светот дека крвта на нашите синови и безбедноста на нашите граѓани не смеат да бидат препуштени на случајноста. Целиот Либан треба да гори, посочи Бен-Гвир.

Ескалацијата на насилството во Либан сериозно го поткопува Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран, што повикува на итен прекин на воените дејствија на повеќе фронтови, вклучително и во Либан. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ