Бројот на жртви во Венецуела се искачи на 2.295 лица

Претседателот на Венецуелското национално собрание, Хорхе Родригез, во обраќање на државната телевизија изјави дека 11.267 лица се повредени во земјотресите и дека 6.461 лице е спасено, објави „Ел Паис“. Според него, бројот на жртви се искачи на 2.295 лица.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи седумдневна национална жалост за жртвите од земјотресот, почнувајќи од оваа среда, според шпанскиот весник.

На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди, при што крајбрежната држава Ла Гваира и главниот град Каракас беа најтешко погодени.

По овие два разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси, претежно со помал интензитет, од кои еден беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Венецуелците велат дека владата не реагирала навремено и бараат итно распоредување на тешка механизација.

Извор: РТС

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ