„Мислам дека Бугарија не припаѓа во „коалицијата на добронамерните“, изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред новинарите во Париз. Тој истакна дека лично добил покана од францускиот претседател Емануел Макрон да учествува во коалицијата.
„Нема да учествуваме во коалиција која инсистира на континуирана финансиска и воена помош за Украина. Ние не даваме таква помош затоа што верувам дека решението за овој конфликт не е во неговото продолжување со воени средства, туку во силна дипломатска мисија за прекин на ескалацијата“, рече Радев.
Претходно Бугарија ги блокира санкциите за рускиот Патријарх Кирил и Вагит Алекперов, руски милијардер со врски со Кремљ и „Лукоил“.









