Ако Судскиот совет не го разрешеше, судијата Ѓоко Ристов ќе продолжеше да земе плата, иако не работи

Според Законот за судовите и Законот за Судскиот совет, судија против кого се води кривична или дисциплинска постапка и кој сè уште не е правосилно осуден или разрешен може да прима плата.
Фото: Апелација
  • Судскиот совет го разреши Ристов на 30 септември поради „нестручно и несовесно вршење на судиската функција“, со што му беше овозможено да прима плата во времетраење од 5 месеци по почетокот на судењето.
  • Законски одредби за плата: Целосната плата се прекинува дури по правосилно разрешување, а доколку судењето заврши со ослободителна пресуда, судијата има право на ретроактивна исплата на одземениот дел од платата.
  • Сега веќе разрешениот апелациски судија Ѓоко Ристов е обвинет за противзаконско стекнување, прикривање имот и перење пари

И тука е објаснувањето што додека е во притвор, а потоа и додека му се судеше, апелацискиот судија Ѓоко Ристов и натаму зема плата. Ристов, во чија семејна куќа во ѕидот беа пронајдени 350.000 евра, ќе ја земе и септемвриската плата, бидејќи до 30 септември тој се’ уште се води како вработен во Апелациониот суд – Скопје.

Слушајте радио во живо

Судскиот совет на последната седница од 30 септември  го разреши Ристов од судиската функција, како што стои во записнкот од седницата, „поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција“.

Доколку не беше разрешен, Ристов и натаму ќе си земаше плата, иако не суди, затоа што тоа му го дозволува законот. Судијата не зема цела плата. Износот на плата е намален и изнесува меѓу 50 и 70 отсто. Законот му овозможува на судијата, кој е привремено одалечен од функцијата, да си го заджи статусот на вработен, се’ додека не биде донесена правосилна пресуда.

Во случајот со Ристов, иако судењето почна во мај, Судскиот совет дури сега го разреши и му остави простор од 5 месеци да добива плата.

Прочитајте на темата:

Судењето против Ѓоко Ристов продолжи со сведоци: Обвинителството и одбраната со спротивни тврдења

Уште на темата:

Изгоре автомобил што го користел судијата Ѓоко Ристов

Целосната плата се запира дури по правосилно престанување или разрешување од судиската функција.

Дури судијата може да побара и да го добие остатокот од намалената плата во случај на ослободителна пресуда. Законот пропишува ако постапката заврши со ослободителна пресуда или не биде донесена правосилна осудителна пресуда, на судијата да му се исплаќа разликата до целата плата што му била одземена за време на суспензијата.

Сега веќе разрешениот апелациски судија Ѓоко Ристов е обвинет за противзаконско стекнување, прикривање имот и перење пари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ