- Министерката негираше дека е прифатлив предлогот за уставни измени со одложено дејство
- Пратеникот Ангел Георгиев лут од забраната за влез во Македонија, беше дециден дека одговор на ЕУ кон ваквото однесување на нашата земја е запирање на сите европските средства
При тоа, ја обвини бугарската министерка Велислава Петрова – Чамова дека има преблаг однос кон Македонија и праша дали според бугарската страна се прифатливи уставни измени со одложено дејство и во какви формати се водат консултациите по ова прашање.
Слушајте радио во живо
Министерката негираше дека е прифатлив предлогот за уставни измени со одложено дејство, а останува приоритетна задача примената на сите преземени обврски од европскиот консензус од 2022 година. Таа рече дека не станува збор за барање на бугарската страна, туку за европски услови.
-Тој пропишува јасен и предвидлив алгоритам кој содржи конкретни одговорности за македонската страна за нивниот напредок во зависност од исполнувањето на преземените обврски. Во неговата основа се состои, и основното барање од наша страна е, целосно гарантирање на еднаквите права на Бугарите во Република Северна Македонија, при што прв чекор во тој процес е завршувањето на процесот на усвојување на уставните измени кои ќе им дадат еднакви права на Бугарите таму, заедно со останатите заедници во земјата, одговори Петрова – Чамова.
Уште на темата:
Тимчо Муцунски од Софија: Добрососедските односи се основа за евроинтеграцијата
Министерката потсети дека Македонија од овие причини, се’ уште ги нема започнато преговорите.
-Притоа, обврската на Скопје за вклучување на Бугарите во Уставот е услов за реално отворање на преговорите. Само тука ќе напоменам дека во последните неколку дена Европската комисија ги објави таканаречените патните карти за државите кандидатки за ЕУ, во кои Република Северна Македонија не беше присутна, што јасно покажува дека тие фактички не ги започнале преговорите, токму затоа што го немаат променето својот Устав онака како што се бара, оцени министерката.
Прочитајте и за ова:
Од Софија очекувам некој дијалог на „на коњопој“, рече Мицкоски
Таа појасни дека Бугарија не учествува во консултации за предоговарање на преземените обврски со Скопје.
-Нема никаква потреба од преговори за предоговарање, бидејќи таков тип се неприфатливи за нашата страна. Предоговарање нема како да се случи, вели Петрова – Чамова.
По ова пратеникот потсети особено на случајот со Ива Михаилова, кој во последниот период особено беше политизиран и лут од забраната за влез во Македонија, беше дециден дека одговор на ЕУ кон ваквото однесување на нашата земја е запирање на сите европските средства.






