Обвинителство побара притвор за пребеганата Ива Михајлова

Пребеганата Ива Михаилова не се јавила во судот, како што и беше наложено, па утрово судот во Кочани добил извстување од МВР дека таа не е на домашната адреса.

Ива веќе од вчера се појавува на бугарските медиуми, каде кажува дека легано си ја поминала границата иако и се одземени двата пасоши, и дека треба да почне да се лечи во болницата „Пирогов“.

Надлежните институции дури денес ја бараат на домашна адреса и откако не ја нашле вднаш испратиле информција до судот.

-Известен е обвинител од судот утрово, веднаш до судот е доставен предлог за определување мерка притвор. Иако судот може и по службена должност да постапува, велат од ОЈО.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ