▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:
Вториот ребаланс на Државната каса е предупредување дека буджетот за едната година треба да се планира по-реално.
Сметаат експертите. Миле Бошков од Бизнисконфедерацијата на Македонија укажува да се внимава и на стандардот на граѓаните.
Малата економија жилава, меѓутоа ние не сакаме да биде жилава затоа што во таа жилавост постои и сива економија
и заобиколување на процедурите, на законите, на правилата и така натаму.
Загрижува дека повторно имаме ребаланс и дека треба економијата да очекува,
секогаш да очекува подршка од владата и подршка низ мерки.
Се надеваме низ оперативниот план за вработување и останати мерки за подршка на економијата и на граѓаните,
дека ке треба да се најдат средства за да се задржи стандардот.
Поранешниот вице-премиер Артан Груби денеска излегува од домашен притвор,
откако му истеча максималниот законски рок од 60 дена.
Иако е на слобода, неговиот пасош останува во судот.
Груби понуди гаранција од 300.000 евра за вракење на патната исправа,
но обвинителството се уште нема донесено одлука по ова барање.
Мегународниот монетарен фонд ги подобри своите предвидувања за македонската економија.
Според на и новиот извеќтај, се очекува растот на бруто домашниот производ во 2026. да достигне 3,5 од 100.
Ова е оптимистичка корекција на предходните прогнози, што укажува на стабилизирање на домашните економските кови во периодот што следи.
За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА
Напомена: Веста е подготвена и продуцирана од новинарите на Канал 77, а текстуалната верзија е автоматски генерирана од радио-емитувањето со помош на технологија за препознавање говор и вештачка интелигенција. Поради автоматската транскрипција, можни се печатни, јазични или транскрипциски грешки.






