Момче од тетовско осомничено за компјутерски криминал, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал.

-За време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител, се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, бидејќи осомничениот во периодот од 2025 до 2026 година администрирал нелегална онлајн група на комуникациската апликација „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства. Освен ова, тој е осомничен и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149, кое го вршел како администратор на домејни и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела. Главни корисници на платформата биле сајбер криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки, а во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни податоци на жртви – физички и правни лица, информираат од ОЈО и додаваат:

-Врз основа на наредба за претрес обезбедена од судот по барање на јавниот обвинител беше извршен претрес кај осомничениот и беа одземени два мобилни телефони. Во скриен фолдер на еден од телефоните беше утврдено дека тој поседувал вкупно 29 видеа со експлицитна содржина на полови дејствија меѓу возрасни лица и деца. Поради тоа, 20-годишникот е осомничен и за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а од Кривичниот законик. Имајќи предвид дека постои несомнен ризик од бегство на осомничениот на кој му се ставаат на товар неколку кривични дела, како и поради опасноста тој да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор,велат од ОЈО.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ