(Видео) Ерупција од енергија! Белград го слави падот на Вучиќ

Фото: МИА Јутјуб

Српската престолнина вечерва еруптираше од енергијата на насобраните луѓе по улиците и плоштадите во Белград, со епицентар на прославата пред Филозовскиот факултет и околните улици.

Само неколку моменти откако носителот на листата „Александар Вучиќ- Обединета Србија“ се појави пред камерите во седиштето на неговата партија и објави дека неговата коалиција ги загубила предвремените парламентарни избори, насобраната тензија, се чини се претвори во колективна еуфорија.

Веднаш луѓето излегоа на улиците да прославуваат. Автомобилите стојат, вејат српски знамиња, трубат со свирките. Насобраните пејат песни кои се обележја на победиците на изборите „Студентска листа – Студентите победуваат“, но и извикуваа погрдни пораки за поранешниот претседател Вучиќ, кој беше на власт повеќе од 14 години.

Возбудените насобрани со кои МИА се обиде да поразговара, ни даваа само куси одговори, брзајќи да се спојат со граѓаните во прославата. „Готов е!“, „Конечно слобода“, „Неизмерна среќа чувствувам сега. Нешто што не се опишува“, се дел од одговорите . 

ИПСОС и Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) објавија проекција за распределбата на местата за Народното собрание врз основа на 56 проценти од обработениот примерок, според која „Студентската листа – Студентите победуваат“ има 139 места. Српскиот парламент има 250 места и потребно е мнозинство од 126 пратеници за самостојно формирање влада.

Како што е објавено на официјалната сметка на СеСИД на социјалната мрежа Икс, листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“ освои 104 места, а листата „Сојуз на војводинските Унгарци – Балинт Пастор“ три места.

Листата „Албанска коалиција – Коалициони Шќиптар“ две места, а „Расим Љајиќ – Човечки (СДП-ЦДП)“ и „СДА Санџак – Чувари на Санџак“ по едно место. Сите други листи не освоија ниту едно место.

Изборната листа на Социјалистичката партија на Србија „ИВИЦА ДАЧИЌ – Социјалистичка партија на Србија (СПС)“ не го мина изборниот праг. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ