Утре бесплатно мерење на нивото на гликемија во крвта и крвен притисок во Штип

ЈЗУ Клииничка болница –Штип во соработка со ЈЗУ УК Неврологија –Скопје ,по повод одбележување на Светскиот ден на мозочниот удар планира да организира јавна хуманитарна акција која ќе се одржи  на Градски Плоштад во Штип утре (27.10.2026) во периодот од 08:00 до 10:00 часот.

-Во рамките на настанот ќе се врши бесплатно мерење на нивото на гликемија во крвта и мерење на крвниот притисок кај заинтересираните граѓани ,со цел подигнување на свеста за превенција од мозочен удари  и за значењето на навременото откривање и контрола на ризик факторите, информираат од Клиничка болница-Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ