Централната банка на Црна Гора ги одзеде сите овластувања на Алта Групата за давање платежни услуги

Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) соопшти дека донел одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ ДОО Подгорица. Централната банка претходно утврдила дека повеќе не се исполнети законските услови за вршење на таквите дејности.
Централната банка на Црна Гора ги одзеде сите овластувањата на Алта Групата за давање платежни услуги
Централната банка на Црна Гора ги одзеде сите овластувањата на Алта Групата за давање платежни услуги

Алта пеј груп во Црна Гора, како што соопшти Централната банка, не прима депозити од граѓани или деловни субјекти и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Слушајте радио во живо

За разлика од Црна Гора, во Македонија Алта ја презеде Стопанска банка од Битола каде и мнозински акционер со над 97 отсто. По најавата за покренување на стечај во Србија, Народна банка на Македонија денеска воведе привремена управа во банката. За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на банката.

Одлуката следеше откако Народната банка на Србија и’ ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка АД Белград.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ